Категории

Внимавај како ги допираш луѓето – Некои се многу кревки

Внимавај со кои зборови им пристапуваш на другите затоа што зборовите се остри колку меч.

Нешто во нив толку бил повредено, што само на допир се распаѓаат на парчиња. Внимавај со кои зборови им пристапуваш на другите затоа што зборовите се остри колку меч. Избирај нежност и љубезност, немој да мислиш дека целта во односите е покажување на надмоќта или нешто друго, целта е покажување на блискост.

Внимавај како ги допираш луѓето, сигурно и самиот си почувствувал како е да бидеш повреден, како е кога те игнорираат и кога те прават да се чувствуваш помалку вреден, кога те заобиколуваат и го тргаат погледот. Само еден поглед, еден збор, еден знак на внимание може да го подигни човек на небо или да го фрли на земја.

Не суди и не осудувај ничии избори, не знаеш со што секој човек се соочува. Биди му поддршка и надеж, биди му пружената рака за која копнее и сонува.
Научи да гледаш преку лажната насмевка и лажната среќа, научи да ги гледаш раните и болката, внимавај како го допираш другиот, внимавај да го повредиш уште повеќе. Биди причината да зацели, биди причината за повторно да верува во добрина.

Прегледи:
571
Објавено на:
13.05.2020