Категории

Уморна сум да велам ВО РЕД на нешта кои воопшто не се во ред

Во ред е да се каже НЕ.
Во ред е да се каже НЕ МОЖАМ.
Во ред е да се каже ТОА НЕ Е ВО РЕД.
Во ред е се каже НЕ САКАМ.

Велат, женско си. Велат, внимавај што зборуваш.
Велат, внимавај како се однесуваш, немој да го повишуваш тонот.
Велат, немој да бидеш слаба, не покажувај ги своите емоции.
Биди умерена, биди отмена, биди елегантна, биди дама.

Немој да си злопамтило, немој да си срамежлива, покажи заби, но сепак молчи и само кажи „Во ред!“

Кажи Во ред, иако не е Во ред, затоа што си жена.

Да, жена сум и вистината е таа што многу нешта не се ВО РЕД!. Вриштам кога ми се вришти, кршам кога ми се крши, мрзелива сум ако не ми се прави ништо.
А вие кои можете одговорно да лажете и да се преправате дека се е во ред, и тогаш кога не е е – всушност нешто не е во ред со вас.

Во ред е да се каже НЕ.
Во ред е да се каже НЕ МОЖАМ.
Во ред е да се каже ТОА НЕ Е ВО РЕД.
Во ред е се каже НЕ САКАМ.

Она што не е во ред е прифаќате колективни глупости и на сите нешта да одговарате со Во ред дури и кога во вас вришти глас „Губи се!“

Па затоа..
Биди дама и дамски кажи им да се губат, затоа што не е во ред да ти зборуваат/прават/предлагаат било што што ти не сакаш.

Она што не е во ред се големите жртви и многубројните откажувања за личностите кои не би подигнале ни камен пред тебе.

Во ред е да се цениш себеси повеќе.
Во ред е да поставиш граници на толеранција.
Во ред е да си дама, но само ако сакаш да бидеш дама.
Во ред е да го повишиш тонот.
Во ред е да кажеш Те сака, и Извини.
Во ред е да побараш повеќе блискост и нежност.
Во ред е да ти биде тешко.
Во ред е ако си се здебелила.
Во ред е ако не сакаш деца.
Во ред е ако ти недостига мама.
Во ред е ако не сакаш во понеделник на работа.
Во ред е ако сакаш да излезеш до 4 часот наутро иако имаш три деца.
Во ред е да ти се спие до пладне.
Во ред е да ти е потребно повеќе време за да донесеш некоја одлука.
Во ред е да се бориш за својата кариера за да си докажеш на себеси дека ќе бидеш најдобра.
И сосема е во ред ако сакаш да го поминеш целиот ден во пижами, со кутија чоколади и два големи сладоледи.

П.С. На кого и да не му се овие работи во ред, тогаш ти преостанува само едно –
Во ред, но јас и ти повеќе не сме во ред!

Толку е едноставно.