Категории

Маја Ангелоу: Што секоја жена треба да знае и поседува

„Младост за која ќе биде задоволна да ја остави зад себе. Доволно сочно минато за кое ќе и биде драго да зборува во староста.“

„Стара љубов за која мечтае дека може да и се врати.
Една која ја потсетува до каде стигнала.
Доволно пари за да одлучи да се пресели или да изнајми стан, дури и ако тоа не и треба.
Нешто совршено за да облечи ако шефот или додворувачот ја повика на состанок.

Младост за која ќе биде задооволна да ја остави зад себе.
Доволно сочно минато за кое ќе и биде драго да зборува во староста.
Сфаќања дека еден ден ќе доживее старост и малку пари оставени настрана.

Комплект шрафцигер, безжична бушилица и градник од црна чипка.
Еден пријател кој ќе ја насмевнува и еден кој ќе и дозволи да плаче.
Добар мебел кој никој пред неа не го имал.

Комплет од 8 чинии, високи чаши и рецепт за оброк благодарение на кој нејзините гости ќе се чувствуваат почестени.
Животна приказна по која не е снимен филм.
Чувство дека сама ја контролира својата судбина.

СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ЗНАЕ:

Како да се заљуби а да не се изгуби.
Како да ја напушти работата, да раскине со љубовникот и да се спротивстави на пријателот а да не го уништи пријателството.
Кога да се труди повеќе а кога да замине.

Кога добро да си помине на забава на која никогаш не би одлучила да отиде сама.
Како да го бара она што го сака на начин на кој веднаш ќе го добие.
Дека не може да ја промени должината на листовите, ширината на бутовите или природата на своите родители.

Дека нејзиното детство не било совршено.. но е завршено.
Што треба и што не треба да прави за љубов.
Како да живее сама, дури и ако тоа не и се допаѓа.

Кому да му верува, кому не може и зошто не треба се да сфаќа лично.
Што може и што не може да постигне во еден ден, еден месец и една година.“

~Маја Ангелоу