Категории

Никогаш не е доцна – Сè се случува во вистинско време!

Единствениот ден кога навистина ќе биде премногу доцна е оној ден кога на овој свет за последен пат ќе вдишете и издишете воздухот кој го вдишувате.

Вреди да се започне овој разговор со оваа мисла затоа што токму таа е вистината, од овој миг па се до вашиот последен здив ќе биде единствената во која ќе верувате. Еднаш кога ќе го прифатите тоа дека вистински не е доцна, туку вие одлучувате кога нешто ќе се случи – ќе почнете да живеете со сосема поинакви очекувања и во сосема поинакво секојдневие.

Вие сте таму каде што треба да бидете во овој миг.
Нема да стигнете до местото за кое што сте наменети нити секунда порано или подоцна. За се постои вистински миг и никогаш не е доцна за ништо. Никогаш не е доцна за нови почетоци нити да се обидете повторно. Никогаш не е доцна за почнете да верувате дека никогаш не е доцна.

Немојте да се споредувате себеси и своите достигнувања со нечии туѓи, секој во својот живот поминува низ различен тајминг и секој има свој пат кој е предодреден да го чекори. Она што треба да го направите е да се фокусирате на сопствениот и да гледате напред.

Следете ги знаците!
На некои станици ќе се задржите подолго, затоа што имате многу нешта кои треба да ги научите. Можеби и тоа ќе направи да задоцните, но тоа не значи дека сте „позади“ другите. Некои луѓе целиот живот брзаат за да стигнат први и на крајот не знаат зошто всушност стигнале до целта, не знаат која е смислата на нивниот живот, која е нивната страст и мотивација. Затоа што никогаш не застанале да размислат, биле упорни и брзале и со тоа ги пропуштиле одговорите.

Без оглед на тоа колку „брзо“ или „бавно“ сте пристигнале, вие сте дошле во вистинско време. Сега е шансата да направите пресврт а за да успеете во тоа, морате прво да поверувате дека за вас не е предоцна!

Прегледи:
659
Објавено на:
03.06.2020