Категории

Понекогаш реалноста е многу поубава и од фантазиите

Најмагичното нешто во живеењето на твојот идеален живот е тоа што воопшто не изгледа како што си замислувал и фантазирал. 

Најмагичното нешто во живеењето на твојот идеален живот е тоа што воопшто не изгледа како што си замислувал и фантазирал. Тоа не значи дека не постојат одредени предности и маани.

Животот е живот, без оглед на тоа колку си среќен во поголемиот дел од времето. Понекогаш ќе има мигови кои ќе те срушат, кои ќе те направат да изгубиш надеж, како се околу тебе да е погрешно. Но најдоброто нешто во сето тоа е кога ќе се вратиш повторно на почеток, кога се ќе биде повторно добро и ќе ја откриеш убавината во несовршеностите.

Кога ќе го прифатиш фактот дека и кога не е се идеално, сепак е прекрасно и вредно за да се доживее.
Тогаш ќе сфатиш дека лошите мигови траат кратко и избледуваат покрај блесокот на сите оние среќни нешта чија светлина ти се врежува во срцето засекогаш.