Оставањето на некои нешта позади себе е нешто што претставува голем проблем кај многу луѓе, некои од нив не сакаат да го направат тоа а некои не ни можат. Но тоа најчесто е потребно доколку сакате да напредувате во животот.
Оставете ја зад себе пропаднатата врска, љубов, град, дури и верзијата на себеси која е болна, сепак морате да го направите тоа за да продолжите напред.
„Постои време за заминување, дури и кога не постои место на кое би отишле“ – Тенеси Вилијам
„Животот е како возење на велосипед, за да одржите рамнотежа морате постојано да се движите“ – Алберт Ајнштајн
„Вие сте одговорни за својот живот. Не можете да ги обвинувате другите за неуспехот. Се во животот се сведува на оставање на нешто зад себе“ – Опра Винфри
„Да продолжите понатаму е едноставно, тешко е она што го оставате зад себе“ – Дејв Мустеин
„Кога една врата се затвора, друга се отвора, но најчесто гледаме во онаа затворената па не ја гледаме онаа која се отворила за нас“ – Хелен Келер
„Го прифатив стравот како составен дел од животот, особено стравот од промената. Секогаш одам напред и покрај гласот кој ми вели сврти се назад“ – Ерика Јонг
„Една промена секогаш отвара можности за нови постигнувања“ – Николо Макијавели
„Промената значи непознато“ – Елеонор Рузвелт
„Минатото треба да биде оставено да замине“ – јапонска изрека
„Секогаш ги демолирам мостовите зад себе, така што немам опција за враќање назад“ – Фирдтјоф Нансен
„За да опстанете не ви е потребна способност за помнење, туку спротивното, способност за заборавање“ – Шолем Ач
„Најлошото нешто кое можете да го направите е да се обидувате да дофатите нешто кое исчезнало“ – Џонет Наполитано
„Немојте да гледате назад, затоа што нешто можеби доаѓа кон вас“ – Сатчел Пејџ
„Подобро да сакате и да изгубите отколку да не сакате никогаш“ – Алфред Лорд Тенисон