Категории

Нане – Моќна билка во негата на лицето – Дава блескав тен и го смирува воспалението

Нането има своја примена и кога е во прашање негата на кожата

Поради своето антибактериско дејство на лицето, нането му дава чист изглед, одлично е за осветлување на тенот како и против борбата со митесери и акни.

Исто така има разладувачко дејство со своите антисептички моќи и помага бри ублажување на убодите од инсекти.

Тоа има силно дејство и затоа треба да бидете внимателни при неговата употреба. Најдобро е да се користат оние производи кои содржат нане и се наменети за негата на лицето.
Доколку одлучувате самите да направите производи за нега на кожата, водете грижа при изборот маслото од нане затоа што не секое е погодно за директен контакт со кожата.

Поради тоа најдобро е да го нанесувате разредено на пример со вода или алое вера. Тоа првенствено важи за оние кои имаат чувствителна кожа.

Прегледи:
693
Објавено на:
03.08.2020