Ако во овој миг чувствуваш тага и мислиш дека никогаш нема да престане, се лажеш. Животот не го сочинува само едно годишно време, па ни тагата не трае вечно.
Секогаш кога ќе настапи зимата и ќе го почувствуваш студот, мислиш дека никогаш повеќе нема да се стоплиш, и тогаш кога летото ќе дојде мислиш дека никогаш повеќе нема да го почувствуваш студот.
А тоа е истото како и со твоите чувства, како кога си тажен и мислиш дека никогаш повееќ нема да бидеш среќен, а кога си среќен мислиш дека никогаш повеќе нема да ја вкусиш тагата.
Но знај дека топлината и студот ќе доаѓаат и ќе си одат, и тагата ќе дојде повторно но најважно од се е дека после неа повторно ќе се смееш и повторно и повторно, затоа што животот не го сочинува само едно годишно време.
–