Категории

7 пати кога познатите ги измамија фановите со лажни тетоважи

Од насловни на магазините, па се до настани на црвениот килим, ѕвездите не престануваат да ги мамат своите фанови со лажни тетоважи.

Ѕвездите честопати ги посетуваат најбараните уметници во индустријата за да ги ажурираат своите постоечки тетоважи или пак штотуку се решиле да започнат со тетовирање. Но, повремено, познатите ги менуваат работите со задевање на фановите со привремени дизајни што исчезнуваат само неколку дена по нивното појавување на некој настан.

Ова можеме да го забележиме на црвениот тепих, на насловните на познати списанија, некоја најобична фотосесија или пак од обична фотографија на социјалните мрежи. Најголемите имиња во телевизијата, филмот и музиката сакаат да нè мамат со најмодерни дизајни. FKA Twigs, Cara Delevingne и Cate Blanchett се само неколку sвезди кои ги измамиле своите следбеници со привремени тетоважи.

Погледнете во прилог некои од најнезаборавните привремени тетоважи со кои дебитирале познатите низ годините:

Емили Ратајковски


Супермоделката на 23 Август 2020 година ги натера нејзините следбеници на Инстаграм  два пати да погледнат, кога објави фотографија на која имаше тетоважа на долниот дел на грбот со прекарот „EmRata“ со мали букви. „Би сакала да  кажам дека тоа беше трајно“, напиша таа во насловот.

Били Портер

За 25-тата годишна награда за избор на критичари, на 12 јануари 2020 година, ѕвездата  даде изјава со тоа што носеше облека со привремени тетоважи со пеперутки кои ги покриваа рацете и градите.

Кендал Џенер

Ријалити ѕвездата изгледаше восхитувачки на насловната страница на пролетниот број на „V“ списанието во 2017 година, покажувајќи гигантска тетовирана змија на страната на бутот.

FKA Twigs


На 2.05.2016 година, пејачката-текстописец присуствуваше на Мет Гала со Роберт Патисон, облечена во беж фустан од модната куќа Версаче. Но, она што го одзеде здивот на нејзините фанови беше нејзината масивна геометриска тетоважа на грбот.

Кејт Бланшет

За премиерата на Керол на  9 октомври 2015 година, актерката носеше црн фустан со дебели прерамки, на кој се изработени дизајни како тетоважа на ткаенината што го направи да изгледа како реален.

Cara Delavigne

Манекенката носеше секси исечен комбинезон на 2015-та Мет Гала на 4 мај и таа го збогати овој изглед со привремени цветни тетоважи создадени од познатиот Bang Bang.

Кајли Џенер

Во селфи на огледало, направено на 22 јануари 2014 година, основачот на Кајли Скин и ријалити ѕвезда, објави фотографија во која открива лажна  тетоважа во форма на пиштол на нејзината лева страна односно на ребрата.