Ваков стајлинг може да носи само Џеј Ло и никој друг!
Ако не сте Џеј Ло, заборавете дека можете да облечете ваков стајлинг и да изгледате шик и урбано
Џенифер Лопез беше забележана на њујоршките улици со доста вибрантен стајлинг со што го привлече вниманието на сите минувачи.
Латино дивата е позната по тоа што сака екцентрични и впечатливи модни комбинации кои оставаат дојам. Таа овој пат носеше лелеав макси фустан со принт во шаренило кој го искомбинира со комплет biker јакна во исти тонови.
Потписот на парчињата го дава италијанската модна куќа Vesace.
Целокупниот изглед го надополни со тиркизна ташна, и шешир од брендот Zimerman. Музичката ѕвезда секако не ја изостави и заштитната маска.