Категории

Некои луѓе кои влегуваат во твојот живот се како ангели

Тие пристигнуваат со некоја цел..

Понекогаш се случува вака:
Еден ден запознаваш некого поради некоја неразбирлива причина, се чувствувам многу поповрзано со тој странец отколку со било кој друг – поблизок отколку со најблиската фамилија.

Можеби таа личност во себе носи ангел – таков кој ти е испратен за да те научи на некоја важна лекција или да те чува безбеден некое време.
Она што треба да го направиш е да му веруваш – дури и кога доаѓа рака под рака со страдањето, затоа што причината за неговото појавување со тек на време ќе биде откриена.

Иако можеби доаѓа со предупредување, ќе ја засакаш таа личност но ќе мораш да запомнеш дека не е твоја за да ја чуваш. Нејзината цел во твојот живот не е да те спаси туку да ти покаже како да се спасиш себеси.
И еднаш кога тоа ќе биде остварено ореолот ќе се подигне и таа личност како ангел ќе одлета од твојот живот. И ќе ти биде странец повторно..

Прегледи:
689
Објавено на:
06.10.2020