Категории

Дури и во најмрачните денови надежта не е загубена

Ти ќе бидеш добро. Дури и во најмрачните денови, надежта не е загубена. Лесно е да ја заборавиш цврстината која ја имаш во себе кога животот ќе ти стави толкава тежина на твоите раменици. Тешко е да се држиш за надежта, да веруваш во подобри денови, да веруваш во судбина и да имаш верба дека нештата ќе бидат добри кога се е толку излезено од контрола.
Страшно е да мислиш дека постои една мала шанса да не бидеш добро, дека засекогаш ќе се чувствуваш како сега,дека немаш никој покрај себе – но дури и кога се чувствуваш комплетно беспомошно, тоа не е вистината.

Во длабочината на твоето срце, во еден мал ќош од твојот ум постои еден зрак позитива. Ти знаеш дека се за кое си се борел, се што си изгубил и секоја лекција која си ја научил ќе те направи посилен.
И сега без оглед на тоа колку тежина носи твојата душа, мораш да запомниш дека надежта сеуште постои.

Мораш да запаметиш дека си посилен отколку што мислиш, дека си сакан и твоето семејство и пријатели се благодарни што те имаат во својот живот и ти никогаш не си сам.
Погледни назад на сите места на кои си бил, во што си прераснал и сите оние мигови во кои си бил на дното и си мислел дека нема никогаш повторно да станеш но сепак си го направил тоа.
Сите оние денови кога беспомошно си станувал од креветот, кога си бил на работ на откажувањето но сепак си продолжил понатаму.

Не е важно колку си очајувал, важно е тоа дека и покрај се успеал да истуркаш напред и сега ќе ја добиеш и оваа битка, без сомнение.

Во сржта на твоето битие с крие сила, истрајност и самодоверба, желба за да продолжиш напред. Тие чувства можат да бидат засенети од стравот, сомнежот и болката, но тие се таму, секогаш се таму.
Ти сеуште можеш да се издигнеш, да продолжиш напред, да се бориш да излезеш од мракот.
Сеуште постои надеж.

Прегледи:
604
Објавено на:
22.10.2020