Иако до неодамна ја држеше својата бременост во тајност, откривајќи во провокативно видео на Инстаграм, Емили Ратајковски продолжува да го лови целото внимание овој пат по улиците на Њујорк каде се прошета со разголен стомак.
Моделот избра шик есенска модна комбинација од кафеаво долго палто, baggy фармерки и кафеави чизми до колена кои оваа сезона се тотален тренд. Фокусот на стајлингот беше во белата класична кошула која избра да ја носи откопчана разголувајќи го трудничкото стомаче.