Категории

Колку долго сте безбедни во друштво на личност заразена со коронавирус?

Американскиот центар за контрола и превенција на болести, неодамна ја ревидира дефиницијата на близок контакт со личност заразена со корона вирус.

За жал не постои одредена минутажа на основа која можете да бидете сигурни дали постои и колкав е ризикот да се заразите ако сте во контакт со заразена личност.
За близок контакт до сега се сметала личност која се наоѓала најмалку 15 минути во друштво на особа заразена со короанвирус на далечина помала од два метри.

Сега за близок контакт се смета личност која се наоѓа на помалку од два метри од заразената личност најмалку 15 минути во рок од 24 часа.

Ревидирањето на дефиницијата следело откако била објавена студија во која се покажало дека затворски чувар во Вермонт бил позитивен на коронавирусот откако имал повеќе кратки интеракции со шест затвореници кои немале симптоми.

Во текот на осумчасовна смена чуварот имал вкупно 22 средби со затворениците во вкупно траење од 17 минути.

Меѓутоа, стручњаците нагласуваат дека можеме да се инфицираме и ако поминеме со заразена личност помалку од 15 минути.

Освен времето на изложеност, други фактори се и дали заразената личност имала или немала симптоми, дали тие симптоми се развиле подоцна, дали во текот на средбата биле во затворен или отворен простор, каква била проветреноста на просторот, колку луѓе имало во друштвото и каква активност е во прашање, односно што се правело во дадениот миг, се порачува во текстот објавен на порталот Conversation.

Прегледи:
619
Објавено на:
05.11.2020