Категории

Им благодарам на сите што ме излажаа – Ми ја покажаа вредноста на вистината

Во животот се среќаваме со различни ситуации, луѓе и предизвици. Често еден ден, една минута, па дури и една секунда може да ја промени судбината. Изговорените зборови не можат да се вратат, некои дела трајно влијаат на односите, а и покрај храброста и силата, некои разочарувања оставаат трага во душата засекогаш.

Колку и да се длабоки некои емоционални рани и колку минатото ве оптоварува, важно е да знаете дека во секое искуство има важна лекција која е клучна за понатамошен развој и напредок. Не се одмаздувајте на другите, научете да простувате и да ја олесните душата. За некои работи, колку и да ни изгледа неповолно, од одредени причини треба да бидеме благодарни:

Им благодарам на сите што ме излажаа – ми ја покажаа вредноста на вистината.
Им благодарам на сите што не веруваа во мене – ми дадоа сила да поместам планини.
Им благодарам на сите што ме разочараа и ги злоупотребија моите чувства – ме натераа да се разбудам.
Им благодарам на сите што ме повредија – ме научија да ја победам болката.
Им благодарам на сите што ме искористија и ме измамија – ме научија да останам ладен.
Им благодарам на сите што ме заборавија – ме научија да најдам сила во осаменоста.
Им благодарам на сите што ме повредија – ми ги покажаа моите сили, мојата издржливост.
Им благодарам на сите што се исмеваа со моите цели – тие ме направија уште поамбициозен.
Им благодарам на сите што ја изневерија мојата доверба – ме натераа повнимателен.
Им благодарам на сите што се нарекуваа пријатели, а кои не беа – ми покажаа што еден пријател никогаш не треба да прави.

Научете поука од секоја животна ситуација и оставете го животот да си оди по својот тек. Но, не заборавајте, насоката можете да ја изберете, кормилото е во ваши раце!

Прегледи:
616
Објавено на:
11.12.2021