Доколку имате проблеми со зголемено опаѓање на косата, тоа може да укаже на многу фактори – стрес, наследни фактори, возраст, хормонална нерамнотежа, автоимуни болести, земање одредени лекови…
Додека не ја дознаете вистинската причина од лекар, можете да побарате помош во природата, која има решенија за голем број проблеми. Направете домашен хербален препарат за коса кој ќе го втриете во скалпот 2-3 пати неделно.
Состојки:
– 3 лажици цветови од камилица
– 3 лажици сечкан ловоров лист
– 100 ml вода
Подготовка:
Листовите од ловор и цветовите од камилица прелијте ги со врела вода. Потоа оставете ја смесата од чајот да отстои три часа. Процедете, па земете парче памучна вата или газа, натопете во смесата и изобилно втријте во коренот на косата. Не плакнете. Ако навистина треба да ја измиете косата, тогаш нанесете го производот на косата порано во текот на денот и оставете да делува неколку часа, а потоа измијте се навечер.
Се препорачува препаратот да се нанесува 2-3 пати неделно. Благодарение на моќните состојки на овие растенија, вашата коса ќе добие здрав и природен сјај, идното опаѓање на косата ќе престане и нова, посилна и погуста коса ќе почне да расте.