Во периодите кога повеќе време поминуваме затворени во домот, што значи повеќе сме изложени на воздух со слаб квалитет. Иако не го сфаќаме тоа, токсините може да имаат големо влијание на нашето здравје, потенцијално да води кон асма, алергии, воспаленија и уште полошо, рак.
Јасминot е од родот на грмушки и винови лози во маслиновото семејството кое обично се наоѓа на отворено, но може да живее и во затворен простор. Јасминот емитира мириси за кои е докажано дека допринесуваат за подобар сон, како и зголемување на нивото на будност.
Лаванда: го намалува стресот и анксиозноста
Рузмарин: го подобрува помнењето
Рузмаринот е исто така член на фамилијата на нане. Tрајнa билка, која потекнува од Медитеранскиот регион. Докажано е дека е ефикасна во зголемување на меморијата, како и квалитетот на воздухот во просторијата каде се чува.
Алоевера: го подобрува квалитетот на воздухот
Алоеверата е од редот на секулентите и е растение кое често се употребува во хербалната медицина и тоа со векови. Употребете го ова растение за да го збогатите со свеж кислорот воздухот во вашиот дом.
Англиски бршлен: ја намалува мувлата
Англискиот бршлен е вид на цветно растение родено на Европа и Западна Азија. Ова растение е докажано дека ја малаува воздушната мувла за 94% кое е од бенефит за оние кои страдаат од алергии или иритација на белите дробови.
Сансеверија: намалува главоболки и го подобрува воздухот
Познато и како змиско растение, сансеверијата во текот на ноќта ослободува повеќе кислород, па затоа пожелно е да се чува во спалната соба. Поголем од истражувањата направени од страна на НАСА укажуваат на тоа дека, Сансеверијата претставува едно од најдобрите растенија за подбрување на воздухот во просториите, бидејќи ги абсорбира токсините како нитроген оксидот и формалдехидот.