Секој би помислил дека ѕвездите кои се грижат да имаат совршен изглед, секојдневно имаат професионални стилисти, кои се грижат за нивната коса, шминка и не би згрешиле, но би згрешиле доколку помислите дека Ким ја мие нејзината коса секој ден.
На толку препарати, различни стилови и брзо темпо на живот, Ким својата коса ја мие на секој 5ти ден. Ви се верува? За толку да се издржи е посебна наука, па така Ким има посебна рутина која и го овозможува овој 5 дневнен режим.
„Почнуваме со фенирана коса првиот ден, потоа одиме со по бушава варијанта наредниот ден, потоа ја исправаме со пегла и правиме некоја поизмазнета фризура, бидејќи за тоа е потребно малку масло и четвртиот ден ја фаќаме во реп, а петиот ден е веќе време за миење.“ – раскажува Ким.
Прв ден: Фенирана
Ден 2: Повеќе текстура
Ден 3: Измазнета
Ден 4: Фатена коса