Сончевите денови се пред нас па затоа време е внимателно да ги одбираме модните додатоци кои ќе ги носиме во текот на пролетните месеци.
Во април времето може да биде и променливо па не смееме да бидеме неподготвени.
Она што ќе ни биде потребно да го имаме се светли јакни, фармерки и панталони, а можеме да почнеме и да носиме сукни и фустани со голи нозе.
Исто така не е лошо чизмите да ги оставиме на страна и да направиме место за балетанките, патиките и мокасинките.
Ако барате нови идеи за да го освежите вашиот изглед, во прилог ви нудиме неколку пролетни аутфити кои се надеваме ќе ве инспирираат.
1 2