Категории

4 бои на коса кои се тренди оваа сезона

Летото ни е веќе на прагот, а со тоа се зголемува и возбудата за слободата, дружбите, летните авантури. Време е за промена, не мора тоа да биде мало осветлување или затемнување на косата, туку тоа може да биде некоја од овие суптилни, но смели нијанси.

  1. Бакарна

Необична, но суптилна. Несекојдневна, но не паѓа многу во очите на другите, можеби затоа што одговара на повеќе тенови, а сепак дава доза уникатност.

2, Тексас сина

Веќе видовме се, пастелни, неонски и омбре сини нијанси. Сега повторно се враќаме на класичните работи, ако воопшто сината може да се нарече класична, и предлагаме тексас сина. Зарем има поубав аксесоар од сина коса?

3. Розе златна

Оваа нијанса последниве години можеби е најактуелна во светот на модата. Се е во розе златна боја, накит, очила за сонце, чевли, разни парчиња облека и на крај, зошто не и косата? Нежна нијанса, малку топлина од розевата би му годела на секого, а е суптилна и необична истовремено.

4. Крем прамени

Доколку сте русокоси, мала промена во изгледот може да ви дадат прамени во крем боја. Со мала промена во нијансите, прават косата да ви изгледа густа и пораскошна.

Прегледи:
745
Објавено на:
02.06.2016