Латино ѕвездата Енрике Иглесијас(40), кој е една од најпосакуваните ѕвезди е во долгогодишна врска со поранешната професионална тенисерка, русинката, Ана Коурникова(35).
Тие се заедно веќе 15 години, а често во медиумите збореа дека не веруваат во бракот и дека не планираат да се венчаат. Тие нивниот приватен живот го кријат веќе долги години далеку од очите на јавноста и уживаат во својата приватност.
Во неодамнешно интервју за E! на прашање за бракот, односно дали планира брак во иднина, тој одговара: „Кој знае што носи иднина…или минатото…хаха.“
Со ваков одговор отвара сомнеж дека брак веќе бил склучен, а од разбирливи причини, тие тоа го кријат во тајност и уживаат во својот заеднички живот.