Сите ги паметиме 90-тите по многу различни трендови, а гледајќи наназад во споредба со ова време се беше така чудно иако многу трендови се повторија.
Кога станува збор за косата ги памтиме премените во разни бои, шнолите – пеперутрки, а неизбежните преси.
Скоро невозможно беше да видите девојка без некоја од овие фризури, а особено пресите за прекршен изглед на косата ги имаше на секој чекор, па затоа беше и многу застапена и тренди фризура.
Неодамна започна повторно да се враќа овој тренд, многу ѕвезди се забележани со овие фризури со што може да бидеме сигурни дека наскоро ќе биде што се поприсутен.