Категории

Ако не се ослободиш од багажот на минатото, ќе продолжиш да тониш – Остави го тоа што поминало и гледај кон она што следи!

Откога го сведов потпирањето на другите луѓе на минимум, почнав да дишам многу полесно. Големото разочарување остави многу рани, а сето тоа е последица на потпирање на некој на кого му претставуваше преголем товар. Сфатив дека е многу подобро да го направите сами она што можете и самите.

На луѓето треба да им се даде доверба, но не треба да се претерува во таа доверба, затоа што кога претерувате, тогаш сте се казниле затоа што луѓето не се виновни за вашите очекувања од нив, како што не сте ни вие. Оттогаш од кога ја сведов на минимум својата доверба кон луѓето, сфатив дека не мора повеќе да се преправам пред луѓето дека е во ред кога не е во ред. Јас се повлекувам и ги променувам работите што можам да ги решам, а оние кои не можам да ги решам ги прифаќам онакви какви што се.

 

Сфатив дека не  треба да си поставувате премногу многу багаж врз себеси во текот на животот, ниту ментален и емотивен и затоа започнав да се ослободувам од сите непотребни работи и приврзаност кон нив, што може да ме повреди подоцна. Од кога го сведов на минимум потпирањето на луѓето, јас бев многу посреќна и помирна личност затоа што конечно го чувствувам мирот за кој платив висока цена.

Повеќе не треба да бидам сè за секого, не треба да се оправдувам за нешто што го работам според мојата совест, не треба да им ги објаснувам своите намери и да се правдам пред нив пред луѓето затоа што од друга страна не барам ничии објаснувања и оправдувања, не влегувам во нивните животи. Јас ја сведов на минимум својата доверба и потпирање врз луѓето и оттогаш почнав да живеам многу подобро. Разбирам дека никој не е одговорен за мојата среќа и дека слободата е непроценливо богатство што не се продава за ништо на светот. Јас разбирам дека секој човек треба да биде почитуван, но и да побара почит од другата страна. Сфатив дека ветувањата на луѓето секогаш ги земам со резерва и им ги давам на ист начин, има помалку шанси да разочарам некого и некој да ме разочара.

Прегледи:
360
Објавено на:
10.06.2022