Категории

Анџелина Џоли не застанува: Повторно во уште едно беспрекорно модно издание

Холивудската убавица деновиве освојува со своите модни избори

Анџелина Џоли плени со својата убавина и стил на европската премиера на нејзиниот најнов филм, продолжението на Дизниевата бајка „Maleficient – Mistress of Evil“. Убавата актерка се појави во беспрекорен елегантен стајлинг потпишан од луксузната модна куќа Givenchy.
44- годишната оскаровка мамеше воздишки во уште едно стилско издание какво не ретко ја гледаме во последно време. Целокупниот изглед го заокружи со црни високи потпетици и дискретен накит.