Оскаровката Ен Хатавеј направи нешто што и според неа не личи на нејзе кога постираше фотографија на инстаграм ставајќи крај на шпекулациите за нејзината бременост.
Позирајќи во црвено бикини, на плажа, насмеана му покажа на светот дека го очекува своето прво бебе.
„Бев на плажа и забележав дека ме фотографираат. Кога веќе ваква фотографија ќе излезе во јавноста треба барем да биде некоја од која јас би била задоволна (и која е направена со моја согласност. и со филтер.“ вели таа.
Шпекулаци за нејзината бременост имаше уште во Ноември кога неименуван извор на PEOPLE дал информација дека 33 годишната актерка е во нејзиното второ тромесечие, дека е активна и среќна.