За 21 година работен стаж, ова е прв пат да видам како слетува авион на улица, изјавил полицаецот Клинт Томпсон за локалните медиуми, само неколку моменти откако малиот авион принудно слетал во Паркленд, Вашингтон.
Портпаролката на полицијата Јохана Батисте рекла дека Томпсон успеал брзо да сврти полукружно, да ги запали ротационите светла и да го успори сообраќајот за да направи место за пилотот сигурно да слета.
Никој не е повреден во инцидентот, според изјавата на Батисте. Таа рекла дека до принудното слетување дошло поради дефект на системот за гориво во авионот.