Категории

Бадникова литија во Гостивар: Со пеење коледарска песна низ градот, децата ќе го најават Божиќ

Во Гостивар, втора година по ред се организира Бадникова литија.

Дечињата од Гостивар со пеење на старата коледарска песна „Вечниот Бог“ низ улиците на градот, во петок (6-ти јануари) ќе го најават Христовото раѓање.

Литијата во чест на големиот христијански празник Божиќ, во Гостивар се организира по втор пат.

Од гостиварското архиерејско намесништво информираат дека литијата ќе започне од пред црквата „ Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад во 12 часот. Ги повикуваат сите заинтересирани дечиња кои сакаат да бидат дел од хорот, да дојдат во Црквата најдоцна до 11.30 часот.

Литијата ќе се движи по главните гостиварски улици и завршува во црквата „Света Петка“ кај железничката станица. Според традицијата, децата ги симболизираат божјите ангели кои на Бадник го навестуваат раѓањето на Христос. Настанот го организира Црквата Пресвета Богородица со  благослов и поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Извор: ГОСТИВАРПРЕСС
Прегледи:
591
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
05.01.2017