Секоја жена во својот плакар треба да има бар еден пар чевли кои се кожа боја. Проблемот е што „кожа боја“ варира во однос на расата на жените, па за некои тоа е многу светла, за некои тоа е жолтеникава, за некои розева, а за некои црна.
За да ги задоволи потребите на секоја жена, брендот Кристијан Лобутин во новата колекција има пар кожа боја чевли во повеќе нијанси, со цел секоја жена да си ги најде совршените балетанки.
Оваа идеја е од 2013 година, кога прв пат беа пуштени во продажба штикли во повеќе тонови, а овојпат колекцијата се проширува со седум различни нијанси на балетанки. Секако секоја жена би си ги нашла својот пар чевли, но цената очекувано им е 595 долари, што значи балетанките за секоја жена, сепак ќе бидат резервирани за оние дами со подлабок џеб.