Категории

Бидете доволно „луди“ да верувате во себе и своите соништа

Со споредувањето со другите само ќе се осудите себеси на неуспех. 

Не сме сите создадени за да постигнеме еднакви цели, еднакви успеси или да доживееме исти неуспеси. Престанете да го споредувате вашиот живот со оној да другите. Не постојат две исти индивидуи на овој свет, така што не може да постојат две исти судбини. Искористете го она кое го поседувате на ваш единствен начин, создадете нешто кое ќе биде карактеристично само на вас.

Со споредувањето со другите само ќе се осудите себеси на неуспех.
Никој не го поседува она кое го имате вие, и тоа е вашето најсилно оружје.
Тоа значи дека не постои никој на светот кој е ист како вас. Постојат луѓе кои имаат повеќе можности од вас, но тоа не значи дека ќе бидат поуспешни од вас или дека вие сте осудени на пропаст.

Шансите ги следат оние кои веруваат во себеси. Сите оние кои ќе речат дека сте луди и ќе ги исмеваат вашите избори, значи дека не веруваат во себеси нити во своите соништа. Оние луѓе кои го промениле светот секогаш изгледале луди во очите на просечните луѓе.
Бидете доволно „луди“ да верувате во себе, не ја уништувајте вашата уникатност со тоа што ќе се споредувате со другите.

Прегледи:
509
Објавено на:
30.05.2020