Категории

Биди поголем од злобата – Признај ја вината и барај прошка, биди човек!

Тогаш настапува вистинското раѓање на големината на човечноста и чистината на душата, само тогаш почнуваме вистински да живееме и да бидеме подобри луѓе. 

Сите ние повредуваме и сме повредени, и сето тоа е дел од тоа да се биде човек, но она што го прави човекот е способноста за признавањето на грешките и барањето прошка. Тогаш настапува вистинското раѓање на големината на човечноста и чистината на душата, само тогаш почнуваме вистински да живееме и да бидеме подобри луѓе.

Некои ќе речат дека понекогаш не постои повеќе сила за простување нити за барање прошка, тоа е лага. Се додека е човек жив, неговото срце има сила да ја даде и да ја побара, тогаш кога ќе каже дека повеќе не останала ни ронка сила за нив двете, тој веќе почнал да се претвора во нешто нехумано и злобно, почнал да се труе самиот себеси.

Човек мора да знае дека со признавањето на вината и барањето прошка не губи ништо, но добива многу. Покажува колку е всушност поголем од сета злоба на светот и колку таа паѓа мала и исчезнува пред само еден негов збор.

Секогаш бидете подготвени да ја признавате својата вина и да барате прошка, затоа што само тогаш ќе можете да имате мир и ќе можете безгрижно да чекорите напред. Најдете го вашиот неисцрпен извор во себеси и покажете колку сте всушност човек.

Прегледи:
583
Објавено на:
23.04.2020