Го замолив Бог да ми даде среќа – и Бог ми одговори:
„Не. Јас давам благослов. Ако сакаш да бидеш среќен, зависи од тебе.“
Секој човек во еден момент ја губи сета сила и волја. И тогаш почнува да ја повикува на помош вишата сила. Тоа му дава надеж и некоја духовна цврстина за да го продолжи животниот пат.
Лесно е да се изгубиме во многу нешта, но молитвата му помага на разумот се да доведе во ред.
Приказна со силна и длабока поука која морате секогаш да ја паметите.
Го замолив Бог да го казни мојот непријател – и Бог ми одговори:
„Не. Нему му е судено да ти стане најдобар пријател.“
Го замолив Бог да ми даде трпение – и Бог ми одговори:
„Не. Трпението е резултат на тестирањето. Тоа не се дава, тоа се учи.“
Го замолив Бог да ми ја одземе гордоста – и Бог ми одговори:
„Не. Гордоста не се зема, од неа се ослободува.“
Го замолив Бог да ми даде среќа – и Бог ми одговори:
„Не. Јас давам благослов. Ако сакаш да бидеш среќен, зависи од тебе.“
Го замолив Бог да ме поштеди од болката мене и моите најблиски – и Бог ми одговори:
„Не. Ние патиме и ја победуваме болката заедно.“
Го замолив Бог за духовно растење – и Бог ми одговори:
„Не. Духовно мораш да пораснеш сам. А јас секогаш ќе ти помагам во тоа.“
Го замолив Бог да ми помогне да ги сакам другите, исто така како што тој ме сака мене – и Бог ми одговори:
„Со задоволство! Конечно сфати за што треба да се молиш.“
Барав сила – и Бог ми даде искушение за да ме заврсти.
Барав мудрост – и Бог ми даде проблеми, над кои треба да рамислувам.
Барав храброст – и Бог ми даде опасност.
Барав љубов – и Бог ми ги испрати оние на кои им е потребна мојата помош.
Барав богатство – и Бог ми испрати можности.
Не добив ништо за што се молев.
Добив се што ми беше потребно.