Категории

Болеста која ги смалува срцата – Кој бил нејзиниот лек?

Некоја чудна болест почнала да се шири по целиот свет. Оние кои заболувале од неа, чувствувале како нивното срце нагло почнувало да се смалува. 

Некоја чудна болест почнала да се шири по целиот свет. Оние кои заболувале од неа, чувствувале како нивното срце нагло почнувало да се смалува. Ја губеле силата и радоста. Сакале постојано да лежат во кревет. Лекарите не можеле да го објаснат сето тоа. Им препишувале разни таблети, но за болеста немало лек. Некои се обидувале да пресадат срце, но дури и новото пресадено срце започнувало да се смалува. Повеќе не знаеле што да превземат.

За тоа време болеста се повеќе се ширела. Болниците биле преполни, и постојано пристигнувале нови заболени. Сите болувале од срцето. Сите лежеле во креветите исчекувајќи го крајот.

Само една личност не била заразена. Тоа бил некој старец кој за разлика од сите имал големо срце, поголемо од нормалното. Тој се посветил на лечењето на заболените.

Забележал дека секој пат кога ќе ја земел дланката на некој пациент и ќе му се насмевнел, неговото срце станувало се поголемо, а кога ќе ја пуштел неговото срце престанувало да расти. Набрзо го открил она во кое никој не успеал: Чудната болест која ги собирала срцата била предизвикана од недостатокот на љубов.

Потоа тој почнал напорно да работи. Почнал да ги лечи болните еден по еден. Ги земал за рака и им се насмевнувал. Кога срцето на болниот станувало толку големо што било способно да љуби, веднаш станувал и почнал да им помага на другите да оздрават. Новиот лек кој многумина не го познавале, брзо се проширил низ целиот свет. Од сите страни се појавувале луѓе со големи срца. Од тогаш веќе никој не заболел од оваа чудна болест.

Била доволна само блискоста, допирот за дланката и насмевката.

Прегледи:
426
Објавено на:
01.05.2020