Категории

Чувајте ги ваквите луѓе – Чекорат по земјата молкум, но силно

Со нив не е секогаш лесно, но секогаш е пријатно, сигурно, доверливо.

Силните луѓе можат да бидат многу по незаштитени од слабите. За време на олујата, тенкото стебло само се витка и шушка, а борот едноставно се крши и умира засекогаш – велат Кинезите, а тие знаат што зборуваат.

Силните луѓе не се воопшто одговорни за себе. Дури ни за своите најмили. Тие се одговорни за целиот свет кој доспеал во нивната орбита. Затоа што силата ги привлекува – како велат што физичарите, а тие исто така знаат што зборуваат.

Силните луѓе воопшто не се по здрави и по отпорни од сите останати. Едноставно, тие точно знаат дека немаат право да паѓаат во несвест и да умираат, се додека од нив сеуште зависи некој. Тие се во состојба на масивен срцев удар, да скокнат во вода, да допливаат до детето кое тоне, да го извадат на површина и да се уверат дека повеќе не е загрозено, и дури тогаш да воздивнат. Така велат лекарите, а тие во својот работен век виделе многу повеќе чуда отколку Кинезите и физичарите заедно.

Силните луѓе се многу осамени. Не затоа што не трпат никој покрај себе, едноставно.. Тие се силни. Затоа и никој не размислува за нив дали се чувствуваат болно, исплашено, осамено, тажно..

Чекорат така по земјата, силни и молчеливи. Со нив не е секогаш лесно, но секогаш е пријатно, сигурно, доверливо. Но со нив е сигурно. Тоа и е всушност таа поддршка која секогаш доаѓа од помошта во последен миг.