Категории

Дали сте слушнале за „диета“ за коса – Совети за јачина и сјај

Ви откриваме која храна допринесува спречување на опаѓањето на косата, кои намирници ја враќаат јачината и сјајот

Јајцата, месото и свежиот зеленчук треба да се конзумираат секој ден. Исхраната која се темели на овие намирници ја зацврстува косата и и дава сјај.

Посно месо спречува опаѓање на косата
97% од косата се состои од протеини. Поради тоа, за да остане цврста, силна и здрава, нашата исхрана би требало да биде богата со протеини. Поголемиот дел од нив се наоѓа во месото. Добро е да конзумирате говедско, телешко и пилешко. Покрај протеините, месото содржи и цинк кој ги обновува ќелиите на влакното.

Масло од шеќерна репка за сјај на косата
Вредно е да го додадете овој вид на масло во вашата исхрана затоа што благодарение на него косата ќе ви стане бујна, сјајна и еластична. Маслото содржи голема количина на омега 3 масни киселини. Косата се состои меѓу другото од овие драгоцени масти. Нашето тело не може да ги произведе само, но тие се неопходни за здраво и сјајно влакно.

Јајца за зацврстување на ослабената коса
Како и месото, јајцата содржат комплет протеини кои му се потребни на косата за да расте. Исто така и обезбедуваат витамини од групата Б. Косата ја зајакнува витаминот Б7, а благодарение на него, фоликулите на косата можат да апсорбираат протеин. Јајцата исто така содржат цинк и железо кои се важни за волуменот на косата, како и витамин Д.

Прегледи:
474
Објавено на:
07.11.2019