Дали жената треба да му каже на мажот дека е заљубена во него? Еве што има да каже на тоа прашање, Ерих Марија Ремарк – германскиот писател чии ликови откриваат длабоки тајни за човечките емоции.
Дали жената треба да му каже на мажот дека е заљубена во него? Еве што има да каже на тоа прашање, Ерих Марија Ремарк – германскиот писател чии ликови откриваат длабоки тајни за човечките емоции.
-Никој не може да биде поголем странец од човекот кој си го сакал.
-Само тој кој знае што значи осаменоста, ја знае вистинската вредност на средбата со саканиот.
-Љубовта не трпи објаснувања. Таа бара дела.
-Љубовта сака да биде вечна. Тоа е главната причина за мачењето кое ни го прави.
-Жената станува попаметна кога е заљубена, додека мажот го губи разумот.
-Само кога ќе ја напуштите личноста станувате комплетно фасцинирани со се поврзано со неа. Тоа е парадоксот на љубовта.
-Среќата е најнејасното и најскапото нешто на светот.
-Најубавото место на светот е она каде што се чувствувате среќно.
-„Ништо не е сеуште изгубено“ – реков. „Губиш некој само кога умира.“
-Колку човек помалку се сака себеси, толку повеќе вреди.
-Погрешно е да мислите дека сите луѓе имаат еднаква способност да чувствуваат.
-Ако не сакате луѓето да забележат било што, не бидете внимателни.
-Отсекогаш сум сметал дека жената не треба да му каже на мажот дека е заљубена во него. Нејзиниот сјај во очите и среќниот поглед треба да сведочат за тоа.
-Ако жената припаѓа на друг маж, таа е пет пати попривлечна од онаа која можеш лесно да ја имаш.
-Никогаш не и објаснувај на жена, само делувај.