Категории

Давајќи им ја премногу на оние кои не ја заслужуваат, си должиш себеси – љубов!

Си должиш љубов себеси, си му ја дал на оние кои воопшто не ја заслужуваат. Си должиш време посветено на себе, во следење на своите желби и соништа. Си должиш доверба, затоа што си им ја дал на оние кои веднаш потоа те изневерија.

Колку само време си потрошил на безначајни нешта, си прифаќал нешта од кои ти се гадело, си чекорел кон места со грч во стомакот, си се опкружил со луѓе кои го исцрпувале сето позитивно од тебе и го барале само најлошото. Колку пати си им верувал на погрешни луѓе и си добил нож во грбот. А од се најмногу, си останал должен спрема себеси, си должиш почитување кое секогаш си го ставал на последно место.

Си должиш љубов на себеси, си му ја дал на оние кои воопшто не ја заслужуваат. Си должиш време посветено на себе, во следење на своите желби и соништа. Си должиш доверба, затоа шт си им ја дал на оние кои веднаш потоа те изневерија.

И на крај си должиш и простување. Простување за сето тоа кое си дозволил да се случи и си се покаил, а сега не можеш да се помириш со тоа што си бил толку наивен.
Време е сето тоа кое безрезервно си им го нудел на останатите, конечно да си го дадеш на себе.

Си должиш на себеси една последна битка во која само ти ќе бидеш победник. Си должиш на себеси да веруваш во себе и никогаш повторно да не се посомневаш, си го должиш животот кој го посакуваш.

Прегледи:
607
Објавено на:
27.05.2020