Категории

Џенифер Лопез ни го открива рецептот за омилениот утрински пијалок кој и дава енергија на нејзините настапи

Латинската дива Џенифер Лопез која во моментов е низ турнеја по светот, а нејзините настапи се толку енергични како и пред 20 години. Покрај строгиот режим на секојдневно вежбање, Џеј Ло го започнува денот со омиленото смути од црвено овошје.

Состојки:

– 3 чаши јагоди

– 1 чаша боровинки

– 1 чаша малини

– 1 чаша грчки јогурт

– 1 лажица протеини во прав

– 1 лажичка цимет

– 2 лажици мед

– 1 лажичка свеж сок од лимон

– ½ чаша коцки мраз

Ставете ги сите состојки во блендер и измешајте ги додека не се изедначат.

Од оваа количина ќе добиете 4 чаши смути.

Прегледи:
405
Објавено на:
16.08.2019