Категории

Додека некој чека да биде сакан, друг ја искажува својата љубов!

Љубовта за некој е именка а за некој е глагол – Додека некој чека да му биде дадена љубов, друг сам ја пружи љубовта..

Додека едни чекаат некој да им пристапи и да им ги искаже своите чувства, да им покаже некој знак на љубов како што е бакнеж, прегратка или убав збор, други тргнуваат во акција. Други ги пронаоѓаат неисполнетите потреби, неискажаните желби, го откриваат тивкото патење на другата личност и бараат начин како да го ублажат и олеснат.

Додека за некои луѓе љубовта е именка, за други е глагол. Иако се чини како иста реалност и нешто што нема никаква врска, сепак помеѓу нив постои голема празнина. Додека постојат едни кои чекаат повик, други го земаат мобилниот телефон, исраќаат порака, повикуваат на средба. Тие знаат дека љубовта не е само чекање, љубовта е движење, создавање прилики, покажување интерес, разбирање на неговите проблеми, покажување сочувство и грижа.

Додека некои на љубовта гледаат од аголот на своето его, размислуваат како другите треба да се прилагодат на нив, други ја гледаат преку призмата на својата душа, не размислуваат за препреките, проблемите и конфликтите, знаат дека сите тие се едно големо ништо во споредба со неа.

Додека некои очајнички посакуваат да бидат сакани, други од сето свое срце го даруваат она убаво кое го носат во себе, уживаат во тоа што можат да направат нешто за некого, што можат да усреќата и сакаат некого.

Со љубовта не може да се изгуби толку колку што може да се добие. Оние кои мислат дека преку љубовта можат да искористат или злоупотребат, всушност си нанесуваат штета на себеси. Оној кој сака никогаш не може да биде губитник.

Прегледи:
386
Објавено на:
14.04.2020