Категории

Додека внимаваш на туѓите чувства запрашај се дали некој внимава на твоите

Препознај ги тие луѓе на време, и подели го својот живот со нив!

Кога бевме деца, нашите родители често не опоменуваа дека мораме да бидеме сочувствителни спрема болката на нашиот брат, сестра или некој друг член од семејството, ни зборувале дека секогаш мораме да водиме грижа за туѓите чувства, да ги тешиме кога се тажни, да ги охрабруваме кога им е тешко, и тоа во нас создало образец на однесување според кој сме постапувале со најголемо внимание спрема чувствата на другите. Доколку не сме се однесувале според него, ни велеле дека сме бесчувствителни.

Растејќи со такво уверение, научивме да водиме грижа за чувствата на луѓето кои влегуваат и излегуваат од нашиот живот. Но понекогаш сме останале изненадени доживувајќи повреда и помислувајќи дека таа не доаѓа намерно од страната на другите. Кога тие повреди почнале да доаѓаат се почесто и по интензивно, и како почнале да стануваат се подлабоки, сме станувале се по збунети, немирни, се додека не сме почнале да го разбираме фактот, а тоа е дека постојат луѓе на кои едноставно не им е грижа за чувствата на другите, дури не им значи ништо и да ги прегазат.

Сега додека внимаваш на туѓите чувства, затоа што во тебе живее човек, човек кој верува во доброто во луѓето – се прашуваш дали некој внимава на твоите. Колку луѓе кои во твојот живот поминуваат како низ некој коловоз, навистина им е грижа за тебе? Колку од нив ги знаат твоите слабости, твоите тешки мигови, колку од нив ги знаат твоите сомнежи и стравови, колку од нив ја знаат твојата болка и се обидуваат да бидат твое рамо за плачење?

Вистина е дека низ твојот живот ќе поминат многумина во потрага по некој свој интерес, некои со скриени мотиви, но ќе поминат и многу добри луѓе, луѓе кои те поддржуваат, охрабруваат и прифаќаат, такви кои го прават светот подобро место за живеење. Поради таквите луѓе се исплати да се грижиш за туѓите чувства, се исплати да бидеш човек, да ги чуваш како капка вода на дланка, затоа што доколку ги повредиш, овој свет ќе изгуби една своја добра страна.
Препознај ги тие луѓе на време, и подели го својот живот со нив!

Прегледи:
678
Објавено на:
03.03.2020