Категории

Доколку сакате промена, но се плашите од резултатот: Ова е бојата на коса која им прилега на сите!

Знаеме дека сакате промена, но и дека барем малку се плашите од неа. Во ред е, не сте единствени, но имаме одлично решение. Ако сакате оваа сезона да ја осветлите својата коса и да бидете сигурни дека ќе ви стои одлично, обидете се со нијансата BRONDE!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Doutzen Kroes (@doutzen) on


Фризерите ја препорачуваат “bronde” нијансата бидејќи е исклучително прилагодлива боја на коса, која се комбинира со ладни и топли тонови прилагодувајќи се на различни бои на кожа и очи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively) on


Според зборовите на стручњаците, „bronde“ е нијанса помеѓу жолтата и кафеавата боја, а ја обожаваат Блејк Лајвли, Џенифер Лопез, Жизел Бундшен, Кара Делевињ и многу други.

 

View this post on Instagram

 

yesterday 🌞🌵

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on


На природните плавуши им е потребна мала помош, додека сопственичките на смеѓа коса можат сами да се обидат да ја осветлат косата со златни прамења. Важно е косата да се осветли најмногу две или три нијанси бидејќи така ќе постигнете природен ефект, а тоа е клучно за модерен изглед оваа пролет и лето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on


И знаете ли што е најдобро кај оваа нијанса? Не мора да се фарбате многу често!