Категории

Домашен чај кој е вистински лек за вишок килограми и смирување нервоза

Потребни ви се само ореви и вода

Народната медицина ги користи сите делови од оревите, од зрното до листот, за подготовка на разни препарати, но нивната употреба треба да биде внимателна.
Во супермаркетите, оревите се продаваат исчистени од лушпите, оние темно кафеави делови во зрното кои се наречни „суво злато“, за да ги пронајдете самите, морате да го скршите оревот а тие меки прегради да ги издвоите.
Овие прегради кои се наоѓаат во внатрешноста на оревот изобилуваат со јод, како и целиот орев. Личностите кои патат од недостаток на јод се трудниците, родилките, работниците во канцеларија кои долго време поминуваат пред компјутер. Недостаток на јод генерално имаат и старите луѓе од двата пола.
Напитокот кој се прави токму од тие делови, му ја враќа на телото потрената количина на јод.

Се што треба да направите е да земете пола шолја од овие кафеави делови од оревот и четвртина шолја вода. Водата и парчињата ставете ги на шпорет да зовријат, 10 минути на тивок оган.
Кога чајот ќе се излади, добро исцедете и ставете го во тегла и во фрижидер.
Овој напиток се користи 5-10 минути пред јадење, три пати на ден, но по една голтка.
Пред користење советувајте се со лекарот.
Освен тоа што лечи недостаток на јод, овој чај помага и при слабеење и е вистински „лек“ за вишокот килограми, освен тоа, го зајакнува имунитетот и го стабилизира нервниот систем, ослободувајќи го од прекумерната нервоза и раздравливост и ја сузбива несоницата.

Прегледи:
795
Објавено на:
20.11.2019