По кратката пауза од кралските обврски која ја искористиле за одмор и летување, принцот Хари и војвотката Меган Маркл повторно се забележани во јавноста.
Популарниот брачен пар се појави на бродвејската претстава во Лондон во склоп на добротворната вечер која ја организирало здружението „Sentebale“, која дава поддршка на младите луѓе заболени од ХИВ вирусот. Војвотката позната по кршењето на кралските правила и овој пат занемарила дури две одеднаш. Облекувајќи црн мини фустан со длабоко деколте, со еден удар прекршила две правила – мини фустан и деколте, кои се наоѓаат на врвот на листата забранети комбинаци во семејството на британското кралско семејство.
Преку нив облекла стукирано црно сако, а целата комбинација ја заокружила со црни салонки со високи потпетици и црна чанта. Сепак, она што најмногу ги воодушевило присутните е насмевката на лицата на познатиот пар, особено кога ќе се погледнат еден со друг. Дали ви се допаѓа изданието на Меган кое го избрала за враќање во јавноста по кратката пауза?