Категории

Енергични во жолто – хит боја за оваа сезона!

Оваа пролет зачекорете барем во една модна креација која ја содржи жолтата боја. Оваа топла боја потсетува на сончевите денови кои следуваат. Тоа е боја на креативноста, се поврзува со виталноста, активноста, енергичноста, но исто така и со дружељубивоста.

Во наредните месеци треба да биде застапена во вашиот гардеробер. Ако не сте љубител на жолтата боја, тогаш можете да носите некој моден детал кој ќе ја содржи бојата на сонцето. Доколку ја обожавате жолтата боја имате на располагање панталони, здолништа, кошули, фустани, мантили, кои во секојдневната комбинација ќе бидат забележани токму заради бојата. Малку посмирено ќе делува облеката на која жолтата боја не е доминантна боја, но сепак е застапена во трагови. Без разлика за каква комбинација ќе се одлучите, не чекајте да помине пролетта без жолтата боја.

Прегледи:
627
Објавено на:
16.03.2019