Категории

Есенска отменост – Кралицата Летисија во доминантен женствен стајлинг

Шпанската кралица Летисија никогаш не разочарува со своите модни избори. Како и секогаш и овој пат таа не воодушеви со својата едноставност и елеганција.

Сопругата на кралот Фелипе VI е позната по својата љубов кон плисираните парчиња. Идентично здолниште носеше во летниот период кога го искомбинира со црна маица и еспадрили, овој пат на доделувањето на National Awards таа избра долго плисирано здолниште од брендот Massimo Dutti во крем нијанса во комбинација со црна кошула, долго палто и црни високи потпетици.