Категории

FEEL THE LOVE – нова ексклузивна колекција на Сара Фешн!

Во месецот на љубовта и виното, македонскиот супер бренд Сара Фешн со нова промоција на ексклузивни парчиња долна облека. FEEL THE LOVE- е мотото под кое овие премиум парчиња се промовираат пред пребирливите потрошувачи, кои се навикнаа од Сара Фешн да го добиваат само најдоброто, по најдобри цени!

  • Црвената боја е симбол на љубовта и виното! Со неа, но и со нежно розевата и црната во комбинација модните парчиња од оваа колекција зрачат со многу љубов! Почуствувајте ја љубовта, но паралелно пробудете ја и вашата сензуалност, почуствувајте ја страста и сакајте го своето тело. Оваа колекција едноставно никого не остава рамнодушен – велат од Сара Фешн

Со атрактивна фото сесија и видео материјали FEEL THE LOVE се промовира како избор за секоја девојка, жена и дама која ја носи љубовта во себе. Без оглед кое парче од ексклузивната колекција на Сара Фешн и да го одберете – нема да згрешите затоа што љубовта треба да се почувствува, но и да се сподели…

Споделувањето на добра енергија и љубов, ја прави оваа колекција уште повеќе посакувана. Моделите од оваа премиум долна облека може од денес да се најде во сите 64 продажни места ширум Македонија…

  • Ексклузивната колекција е во ограничени количини за сите оние кои сакаат да имааат премиум парче за себе овој февруари! FEEL THE LOVE и биди автентична и своја, бидејќи само ти знаеш што е најдобро за себе – порачуваат од Сара Фешн

Во месецот на виното и љубовта оваа нова премиум колекција е вистинско освежување за сите кои сдржат до себе и својот оригинален и препознатлив стил…

Прегледи:
698
Објавено на:
16.02.2022