Категории

(ФОТО) Боја која ќе им биде омилена на сите дами оваа пролет

Подгответе се, оваа боја ќе биде најголем хит оваа пролет

На модната недела во Њујорк можеше да се забележат бројни комбинации во кои доминираше неутралната крем боја, а дизајнерите едногласно потврдија дека тоа ќе биде боја која ќе ја одбележи претстојната пролет.

Иако многумина очекуваа дека сепак во прашање ќе бидат силните екцентрични бои, модните стручњаци овој пат направија неочекуван пресврт. Неутралните земјени тонови ќе преовладуваат во топлата сезона.

Монохроматскиот стил е особено актуелен. Во преден план ќе бидат сите нијанси на беж боја. Заборавете на „разбивањето“ на модните комбинации со ефекти бои и препуштете се на минималистичката класика.

Прегледи:
542
Објавено на:
18.02.2020