Кратки чизми, фармерки, и топол мек капут – Се што ви е потребно за идеален зимски лежерен стајлинг
Хеиди Клум добро знае како да се носи со студеното време и тоа на модерен и ултра шик начин. Манекенката беше фотографирана на улиците на америчката модна престолнина облечена во удобна и трендовка комбинација од топол ‘teddy’ капут во бебешко сина боја, бел џемпер, фармерки и кратки чизми.
Модна комбинација за 10-ка за која сигурни сме дека ќе ја обожаваат сите дами.