Категории

(ФОТО) Кралицата Летисија во урбан шик стајлинг кој ќе ја воодушеви сите дами

Шпанската кралица ги воодушеви сите вљубенички на модата со својот стилски избор кој е спој од урбан шик и удобност

Кралицата Летисија од Шпанија и кралот Фелипе VI во рамките на турнеата во покраините на својата земја, го посетија средновековниот манастир во Сант Круз де ла Серос во Хуеска.

Сопругата на шпанскиот монарх после избра доста едноставна но шик комбинација од бела блуза со ‘puff’ ракави кои се најголемиот тренд оваа сезона од брендот Massimo Dutti, и црни класични панталони со потписот на Emporio Armani. Целокупниот стајлинг го надополни со елегантни еспадрили на во црна боја од модната куќа Castaner Carina.
Модните критичари го пофалија овој комфорен и урбан стајлинг на кралицата кој е идеален избор за сите деловни дами кои сакаат удобност и елеганција.