Категории

(ФОТО) Криси Тиген како самовила покрај сопругот Џон Леџенд на Греми наградите 2020

Тие ја носат титулата „најдобро облечен пар на црвениот тепих“, а има и зошто..

Еден од омилените стилски парови – Криси Тиген и Џон Леџенд не пропуштија повторно да го освојат сето внимание на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите 2020. Облечена во раскошна портокалова тоалета, моделот Криси Тиген мамеше воздишки покрај својот сопруг, музичарот Џон Леџенд.
Тоалетата со потпис на Yanina Couture ја искомбинира со дијамантски накит, портокалова плик ташна и златни сандали, додека Џон за оваа прилика избра елегантно сиво одело.
Познатиот пар уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „најдобро облечен пар на црвениот тепих“.

Прегледи:
538
Објавено на:
29.01.2020