Категории

(ФОТО) Љубов на прв поглед: Фустан-кошула е најубавото модно парче за топлите денови

Во текот на летните температури ќе ни бидат потребни парчиња од лесни левтерни материјали, а ова парче сигурни сме дека ќе ви биде омилено

Топлата сезона ни донесува моден фаворит на кој ретко која дама ќе му остане рамнодушна. Се работи за моделот на фустан-кошула кој веќе полека ги освои трендсетерките.
Можете да го носите во било каква прилика, во дневна кежуал варијанта со ниски обувки, а и вечерен изглед со сандали или чевли.
Женствен, префинет, шармантен и неверојатно удобен.